Авион се лизна од пистата во река на Флорида, нема настрадани
Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизна од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидентот нема загинати и повредени, соопштија локалните власти.
– Авионот „Боинг 737“, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во Куба, се лизна од пистата во реката Сент Џон, наведоа од Базата.
Канцеларијата на шерифот во Џексонвил објави на Твитер дека морнаричката единица веднаш пристигнала на помош.
Светските агенции пренесуваат дека авионот бил во плитка вода и не е потопен, сите патници се живи, а 21 лице се пренесени во локални болници во добра состојба.
Градоначалникот на Џексонвил, Лени Кари објави на Твитер дека стручни тимови работат за да спречат излевање на гориво од авионот во реката.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот