Авион од флотата на Путин и два руски војни ловци избегнале судир
Дел од руските медиуми јавија дека на 4 февруари северозападно од Москва се случил инцидент во кој учествувал авион од флотата што го превезува рускиот претседател Владимир Путин.
Како што пренесува Танјгуг, авионот Ту-134 од флотата на Путин за малку ќе се судрел со два воени ловци од типот Су-27.
Инцидентот се случил на небото северозападно од Москва.
Авионот Ту-134, кој му припаѓа на Специјалниот воздушен одред задолжен за превозот на високите државни и владини претставници, меѓу кои и претседателот и премиерот на Русија, полетал од аеродромот „Внуково“ презен, односно во него бил само редовниот екипаж.
По полетувањето, авионот летал на висина од 10.000 метри над селото Пачинок, а таму во исто време ловиците Су-27 ги изведувале редовните вежбовни летови.
Контролорите на летање, според пишувањето на руските медиуми, брзо реагирале и сидирот е избегнат во последен момент.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема никакви податоци за тоа дека се прекршени правилата за летање на воените авиони и дека летовите на ловиците се изведени по претходно одредена рута.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро