-->
-->
Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Њу Делхи
-->
Авион на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денеска принудно слета во Њу Делхи откако доби закана дека во леталото е поставена бомба, изјави претставник на индиските безбедносни служби.
Во тоалетот на авионот била пронајдена белешка дека во патничкиот авион „Ербас А 330“, кој летал од Истанбул за Бангкок, е поставена бомба.
- Во авионот имало 134 патници. Заканата за поставена бомба била пронајдена три часа од полетувањето, истакна портпаролката на „Туркиш ерлајнс“.
Претходно беше објавено дека во авионот имало 148 патници.
По слетувањето на аеродромот во Њу Делхи сите патници се евакуирани од авионот, а индиските безбедносни служби го претресуваат леталото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава