Свет
26. September 2019 - 11:24

Авион на московската Азур ер се запали во воздух, 56 повредени

Педесет и шест лица се повредени при итно слетување на патнички авион Боинг 767 во рускиот град Барнаул.

Боингот на московската авиокомпанија Азур ер бил принуден да го прекине редовниот лет од Виетнам за Барнаул откако избувнал пожар во задниот дел од авионот.

Една од патничките е префрлена во локалната болница поради повреди на половината и проблем со бубрезите.

Од болницата соопштија дека нема опасност по животот на пациентката.

Поради инцидентот сообраќајот на аеродромот беше отежнат неколку часа.