Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
Авион на „Луфтханза“ кој летал од Франкфурт до Индија бил принуден да се врати вчера поради закана за поставена бомба, изјавија од германската федерална полиција за ДПА.
Одделот за корпоративна безбедност на „Луфтханза“ ја предупредил полицијата за заканата, по што авионот се вратил во Франкфурт на Мајна, каде што безбедно слетал околу 18:30 часот по локално време.
Авионот LH752 бил на пат кон градот Хајдерабад и се вратил додека летал над бугарскиот воздушен простор.
„Слетувањето во Индија не било одобрено поради заканата за поставена бомба, па затоа авионот морал да се врати“, изјави портпарол на полицијата.
„Луфтханза“ го потврди враќањето на летот, но одби да коментира понатаму за инцидентот. Патниците на авионот морале да ја поминат ноќта во транзитната зона на аеродромот.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-
Полицаец во Тетово одавал службени тајни за акции и контроли на вработен во казино
-
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја задолжиле државата
-
Министерството за финансии денес или утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10
-
Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток