Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран

„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми.
Според анализа на организацијата, зголемувањето на цените на авионското гориво довело до раст на просечните трошоци за гориво од 88 евра по патник за летови на долги релации кои поаѓаат од Европа, како и зголемување од 29 евра по патник за летови во Европа. Од невладината соопштија дека ги споредиле тековните цени на гориво од минатата седмица со цените регистрирани непосредно пред почетокот на војната меѓу САД и Израел со Иран. Во извештајот се посочува дека цената на авионското гориво за лет на релација Барселона – Берлин би била повисока за околу 26 евра по патник, додека лет на долга релација, како што е Париз – Њујорк, би имал зголемување на трошоците за гориво од околу 129 евра по патник.
Организацијата додава дека пресметките се направени врз основа на просечната потрошувачка на гориво на сите летови кои полетуваат од Европа, поделена со бројот на патници – со цел да се утврди колкав дел од зголемувањето на цената на горивото се одразува како дополнителен трошок за секој поединечен патник. Раководните лица на неколку големи европски авиокомпании, меѓу кои Луфтханза, Рајанер и „Ер Франс – КЛМ, минатиот месец изјавија дека постои голема веројатност зголемените трошоци за гориво да бидат префрлени врз патниците, доколку Ормускиот теснец остане затворен подолг временски период.
Од невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина, соопштуваат дека нивната анализа покажува дека дополнителните трошоци предизвикани од зголемувањето на цената на горивото се значително повисоки од трошоците што авиоиндустријата ги има. Според директорката за авијација во организацијата, кризата на Блискиот Исток покажува дека нашата вистинска ранливост е зависноста од увезена нафта, а не регулативите што се дизајнирани да ја намалат таа зависност.
По ова, Европската унија најави дека утре ќе објави насоки за управување со ограничените резерви на авионско гориво, со цел да се стабилизира пазарот и да се обезбеди континуитет во авиопревозот.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
