Свет
25. October 2016 - 17:16

Авганистанските талибанци првпат снимиле самоубиствен напад со дрон

Авганистанските талибанци првпат објавија видео снимка направена од воздух од експлозија на автомобил-бомба во јужната провинција Хелманд.

Тоа е првпат оваа милитантна група да употреби дрон за снимање на напад.

На снимката која трае 23 минути се гледа како бомбаш-самоубиец удира со возило во воена база во округот Нава, при што бил разнесен целиот комплекс, а на самото место се појавува огромна „печурка“ од оган и чад.

Во позадина на видеото се слуша проталибанска песна, а прикажан е и бомбашот пред возилото, кој ги прегрнува своите соборци пред заминување во самоубиствената мисија. 

ww.