Авганистан: Во напад на талибанците загинаа 12 луѓе
Најмалку 12 луѓе загинаа, а повеќе од 80 се повредени во експлозии на два автомобили бомби кои ги поставиле талибанци на влез пред полициска станица во авганистанскиот град Кандахар, соопштија полицијата и талибанците.
По експлозијата, милитантите отвориле оган од позиции во близина, а безбедносните сили им одговориле, изјави шефот на полицијата Тадин Кан. Според него, цел на нападот биле единици за борба против дрога.
Меѓу настраданите има и полицајци и цивили, рече портпаролот на провинцијата Кандахар, Бахир Ахмади.
Талибанците во соопштение наведоа дека нападот продолжува затоа што некои борци упаднале во зградата на полицијата.
Кандахар беше седиште на талибанците додека владееја со Авганистан од 1999 до 2001 годинеа кога ги порази коалицијата предводена од САД.
Талибанците потоа почнаа да извршуваат напади, и иако минатата година почнаа мировни преговори со американски претставници, насилството не престана.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина