Свет
24. December 2019 - 10:23

Авганистан: Убиени најмалку седум војници во напад на талибанци

Најмалку седум авганистански војници загинаа денеска во напад на талибанци врз контролен пункт на север во Авганистан.

Министерството за одбрана соопшти дека во „непријателски напад“ во северната провинција Балк се ранети шест припадници на безбедносните сили од кои три војници и тројца разузнавачи.

Одговорност за нападот презедоа талибанците кои тврдат дека заробиле четири авганистански војници и заплениле оружје и муниција.