Тенис
21. January 2016 - 17:20

Аус опен: Хјуит му кажа збогум на тенисот

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит со денешниот пораз во второто коло на Австралија Опен ја заврши својата кариера како професионален играч. Тој загуби од Шпанецот Давид Ферер со 3:0 во сетови (6:2; 6:4; 6:4). Хјуит има 34 години и освоено 30 титули во кариерата, а двапати беше победик и на Грен Слем турнири 2001 во Њујорк и 2002 на Вимблдон. Тој е еден од играчите што беше и на позицијата број 1 на АТП листата точно 80 недели.
- Се заблагодарувам на фановите. Последната сезона беше фантастична, а навивачите ми даваа постојана поддршка. Среќен сум што тука ја завршувам кариерата, изјави Хјуит по мечот со Ферер.