Аудио водич низ битолска Хераклеја
Покрај конзервацијата на Хераклеја Линкестис, античкиот локалитет близу Битола добива и една поинаква и поширока применливост која ќе биде од голем бенефит. Туристите ќе можат да се запознаат со Хераклеја на седум јазици преку аудио водичот, а исто така овој локалитет наскоро ќе може да се прошета и виртуелно.
-Аудио водичот на седум јазици ќе овозможи на различни категории посетители да ги добијат основните информации за 12-те точки на локалитетот, на сопствениот мајчин јазик. Се завршува и изработката на апликациите за виртуелна и прошиена реалност и поставувањето на опремата. За прв пат ќе овозможат да се добие една дигитална односно виртуелна реалност на самиот локалитет, изјави Мери Стојанова, директор на Завод и музеј Битола.
Минатата година, и покрај пандемијата, Театарот во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис беше посетен од илјадници посетители кои беа дел од културните настани реализирани во многу подобрени и побезбедни инфраструктурни услови.
-Минатото лето бројката на посетители беше повисока за разлика од претходната. Годинава е се уште рано, веќе имаме неколку групи, но во овој период генерално е послаба посетеноста. Се надевам дека постепено интересот и на посетителите и на туристичките агенции од досегашните информации се зголемува. Се надевам дека ќе ги постигнеме, евентуално и ќе ги надминеме посакуваните претходни бројки од 30.000 илјади посетители на годишно ниво, изјави Стојанова.
После долги години реновирана е и музејската поставка во локалитетот, а инфраструктирните подобрувања овозможија и пристапност за лицата со посебни потреби до театарот и видиковецот. Сето ова е реализирано со европски пари како дел од прекуграничната соработка меѓу Македонија и Албанија.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
