Аудио снимка за местење тендери или почитување процедури
Генерален секретар на Влада кој мести милионски тендер за радарски систем или пак, претпазлив администативец што ја штити безбедноста на македонското небо? Аудио снимка на која се слуша првиот владин административец Драги Рашковски за набавка на систем за контрола на летање е последната аудио бомба објавена во јавност.
Се работи за тендер вреден 7 милиони евра што го добива италијанска фирма, а за кој парите се добиени од Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD). Набавката е спроведена од М – НАВ – државно акционерско друштво за авио навигација. На 15 минутината снимка објавена на руски социјална мрежа, а пренесена од порталот „Експрес“ се слушаат уште два други гласа за кои се тврди дека се Претседател на одбор на М- Нав и претставник на италијанската фирма.
Рашковски не ја негира автентичноста, но вели дека се работи за местенка од поранешниот директор на М – НАВ.
„ Во снимениот разговор кој не е објавен во целост, во ниту еден момент не се зборува за манипулирање со тендерска постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо....
.... Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се органира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака, напиша Рашковски на Фејсбук.
Ова е четврта серија на аудио бомби кои се појавуваат во јавноста за актуелни фукционери на власта. Првата беше за пратеникот Павле Богоевски за тоа дека наводно набавува кокаин, поради што и си даде оставка. На тапет беа и функцинерите на ДУИ во снимки кои беа објавувани од Ел Чека. Минатата недела пак, главоболки на влста и создаваше и бомбата за првиот човек на општна Шуто Оризари Курто Дудуш за тоа дека наводно физички малтретира граѓанин на општината.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
