-->
-->
„Ауди“ полно со мигранти излетало од патот Валандово-Струмица, возачот избегал
-->
Ауди во кое се превезувале мигранти излетало од патот, по што еден мигрант се здобил со повреди, а возачот го напуштил местото на несреќата.
- На 28.01.2022 во 06.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401 Валандово-Струмица патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале 9 лица – мигранти од Сирија. Еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициска станица Валандово.
Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
