-->
-->
Ауди излетало на автопатот Скопје-Куманово, повреден возачот
-->
Автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски табличко управуван од скопјанецот К.М (1990), утрово во 9.30 часот, излетал од автопатот Скопје-Куманово во близина на Агино Село, соопштија денеска од кумановската полиција.
Возилото се движело од Скопје кон Куманово и откако излетало од автопатот удрило во дрвја. Патничкото возило е однесено на технички сервис, а увидот што го врши СВР Куманово ќе ги покаже причните за сообраќајна несреќа.
Од Итна помош Куманово информираат дека интеревнирале на сообраќајната несреќа и дека возачот е префрлен на хирургија. Во автомобилот имало и сопатник кој не е повреден. Сообраќајот на автопатот се одвива непречено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада