АТ&Т постигна договор за купување на Тајм Ворнер
Американскиот телекомуникациски гигант Ај ти енд ти постигна договор за купување на конгломератот Тајм Ворнер, сопственик на каналите Си-ен-ен и Ејч-би-о и филмското студио Ворнер брос.
Спојувањето требаше официјално да биде објавено денес. Пазарната вредност на Тајм Ворнер е проценета на 69,6 милијарди долари а на АТамп;Т на 230,6 милијарди долари.
Спојувањето на двата медиумски џинови вредно над 300 милијарди долари сигурно ќе се соочи со темелни проверки на антимонополските тела поради потенцијалнио ефект врз медиумската сцена.
Аналитичарите сметаат дека оваа трансакција би можела да повлече другиголеми спојувања на медиумски компании.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека ќе го спречи спојувањето на двете компании тврдејќи дека со тоа се формира „структура на моќ“ опасна за демократијата, пренесува Ројтерс.
„Договорите како овој ја уништуваат демократијата“, истакна Трамп.
Ново на Сител
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат