Атмосферска канализација со 14 ревизиски шахти на влезната улица во Богданци

На влезната улица во Богданци, со должина од 712 метри, заврши поставувањето на атмоферска канализациска линија на која се инсталирани 14 ревизиски шахти.
Од локалната самоуправа информираат дека за оваа активност биле потрошени повеќе од 4 милиони денари од општинскиот буџет и посочуваат дека возачите повеќе нема да имаат проблеми со атмосферската вода која по обилните врнежи секогаш се излеваше најмногу на оваа улица.
На влезната улица завршија и подготвителните работи за нејзино асфалтирање кое ќе се изврши со средства од владата на РМ преку годишната програма на јавното претпријатие за државни патишта.
Паралелно со ова, комуналните работници од Богданци направија регулација и на старото речно корито на Гегова река во близина на главната приодна улица, кое беше обраснато со нискостеблести растенија поради кои водата се излеваше на улицата
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
