Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку од каталонскиот тим.
Родриго де Пол (60) и Александар Сорлот (90+6) донесоа пресврт во натпреварот, откако Барселона поведе во 30. минута со голот на Педри.
Каталонците на овој натпревар ги предводеше Маркус Сорг, помошникот на Ханси Флик, кој го пропушти дуелот поради суспензија.
Ова за Барселона е веќе трет последователен пораз на Олимпискиот стадион „Монжуик“, од кој пред Атлетико со три бодови заминаа екипите од долниот дел на табелата. Лас Палмас и Леганес.
Атлетико Мадрид сега води на табелата со 41 бод (18 натпревари) и новата календарска година ќе ја дочека на врвот на табелата. Барселона е второпласирана со 38 бодови (19 натпревари), додека Реал Мадрид е трет со 37 бодови од 17 натпревари, пред денешниот дуел на домашен терен против Севиља.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
