Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

Атлетико Мадрид е новиот лидер во шпанското фудбалско првенство, откако синоќа го совлада Атлетик Билбао на домашен стадион со минимални 1-0.
Голот за искачување на првото место во Ла Лига го постигна Хулијан Алварез во 66. Минута, седум минути откако влезе на теренот на местото на Норвежанецот Александар Сорлот.
Избраниците на Диего Симеоне го искористија поразот на градскиот ривал Реал на гостувањето кај Бетис (1-2) и со 56 бодови го минаа водечкиот двоец Барселона и Реал. Каталонскиот тим има натпревар помалку и може да се врати на првото место со победа денеска против Реал Сосиедад.
Атлетик е на четвртото место со 48 бодови, четири повеќе и натпревар помалку од петтопласираниот Виљареал. Шестопласираниот Бетис заостанува десет бодови зад Атлетик.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
