Ативни три и локализиран еден пожар

Во Република Македонија попладнево активни се три и локализиран еден пожар, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување добиени од подрачните одделенија за заштита и спасување.
Активен е пожар во општина Чашка, кај село Буслици и село Војници. Таму гори нискостеблеста и деградирана шума, а поради непристапен терен во гасењето на пожарот ангажирани се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и шест лица од Шумското стопанство.
Во истата општина локализиран е пожар над село Теово и село Плевиње. На лице место во гаснењето на пожарот ангажирани се од ТППЕ Велес со едно возило.
Активен пожар има и во општина Македонски Брод , кај село Крапа м.в Царовец. Во пожарот опожарени се 40 хектари сува трева, нискостеблеста шума и смрека. На лице место во гаснењето ангажирани се пет лица од Македонски шуми.
Во општина Пехчево активен пожар има кај село Црник и село Панчарево. Во пожарот гори борова шума, а на лице место за гаснење на пожарот ангажирани се 18 лица од Шумското стопанство Равна Река, пет лица од ЈКП Комуналец Пехчево, десет припадници од Фагус Пехчево, две лица од Локалната самоуправа, четири лица од Шумското стопанство Голак Делчево, три пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Берово.
Ново на Сител
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
-

За 24 часа уапсени 5 возачи, четворица возеле без дозвола, додека една жена пијана предизвикала две сообраќајки
-

Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
-

Викендов пресврт на времето, дожд и грмежи, потоа пад на температурите
-

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова
-

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила
-

35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
-

Вештачката интелигенција почнува да „делува сама“: OpenAI откри шест опасни случаи
