Атина под снег, препорака до граѓаните да избегнуваат непотребни движења

Проблеми во сообраќајот, заглавени автомобили, забрана за пловидба на бродови, затворени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, предизвика снегот што од синоќа паѓа во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Поширокиот дел на Атина е под снежна покривка, нешто што е невообичаено за грчката метропола, а според жителите толку снег немало во изминатите најмалку 12 години.
Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција кусо по полноќ, но и рано утрово преку вонредно соопштение упатија препорака до жителите на северниот и источниот дел на областа Атика, да избегнат секаков вид движења што се непотребни до 10 часот утрово, а вработените да заминат на работа по 10 часот.
Поради снегот и лошото време се одложува вакцинацијата во областа Атика.
Шеталиштето под Акропол од рано утрово е полно со граѓани коо уживаат во прошетка на снегот.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог



