Атина и плати долг на ЕЦБ
Атина денеска и врати 3,4 милијарди евра долг на Европската централна банка, откако Европскиот механизам за стабилност денеска и префрли на земјата дел од првата рата од новата програма за спас, во вредност од 13 милијарди евра.
Сумата вклучува 3,2 милијарди евра главница и 200 милиони евра камати, како и 7,16 милијарди евра за подмирување на преоден заем кој кредиторите и го дадоа на Атина минатиот месец со цел Грција да го изврши првото плаќање кон ЕЦБ и одложено плаќање кон ММФ.
Министрите за финансии од верозоната вчера одобрија транша од 23 милијарди евра од третата програма за помош. Останатите 10 милијарди од правата транша ќе бидат префрлени на посебна сметка за рекапитализација на грчките банки. Други три милијарди од првата транша во вкупна вредност од 26 милијарди евра ќе бидат доделени до октомври, во зависност од напредокот во исполнувањето обврски од страна на Атина.
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија