Атина ги демантира тврдењата за разидување во ставовите со Никозија за проблемот за Кипар

Грчката Влада демантира дека постои неусогласеност меѓу Атина и Никозија во однос на Кипар, пишува весникот „Имерисија".
Премиерот Алексис Ципрас ги разбира, се согласува и поддржува напорите на претседателот на Република Кипар за праведно и одржливо решавање на кипарскиот проблем врз основа на резолуциите на ОН, без гаранции и без окупаторски војски, а во интерес на кипарскиот народ, се вели во официјалното владино соопштение.
Во него се нагласува дека уште еднаш во медиумите се прави претпоставка за разминување во ставовите меѓу Атина и Никозија или се претставува како нефлексибилна позицијата на грчката страна. Тврдењата се несериозни, велат од грчката Влада.
Во соопштението се истакнува дека во рамките на преговарачкиот процес за Кипар министерот за надворешни работи успешно ја реализирал стратегијата, поставена од грчката влада.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
