Атанасов: Исплатени субвенции од над 27 милиони денари на над 7.000 сточари

Како одговорна партија ги реализираме заложбите за развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците.
Продолжуваме со редовна, навремена исплата на субвенциите.
Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари.
Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства.
Ова се нови успеси во сточарството. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија.
Зголемена субвенција добиваат сите фармери кои земале субвенција за:
– директни плаќања за грла говеда.
– директни плаќања за обележани грла на овци
– директни плаќања за грла кози
– директни плаќања за женски приплодни грла на маторици
– директни плаќања за презимени пчелини семејства
Почитувани, ова е важна мерка кој дава позитивен ефект.
Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед, и е важен инпут во развојот на месната и млечната индустрија.
Со обезбедување на суровина од домашно призводство за индустријата се поставува фундамент за креирање на додадена вредност на домашните земјоделски производи со што се овозможува зголемување на Бруто домашниот производ кој има директно влијание и на растот на домашната економија.
За важноста на земјоделците за Владата предводена од СДСМ сведочи фактот што од јуни 2017-та година па досега се исплатени 346,3 милиони евра вкупно за субвенции.
Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повеќе пари кај земјоделците и кои создаваат услови за развој на модерно земјоделство и поконкуретно земјоделско производство.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
