Атанасов: Граѓаните да не носат храна од животинско потекло од Бугарија
Граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во Македонија да не носат храна од животинско потекло, апелира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.
Тој денеска во Велес изјави дека вирусот „африканска свинска чума“ кој е регистриран во соседна Бугарија не е опасен за луѓето, но оти се работи за високо заразна вирусна болест кај свињите за која нема вакцина.
- Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од овој регион во Бугарија со цел заштита од внесување на вирусот, рече Атанасов, кој беше во посета на свињарската фарма „Агро софт“ во близина на Велес.
Агенцијата на почетокот на месецов донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи и производи од свинско месо од Бугарија поради појава на вирусот „африканска свинска чума“ во оваа држава. Болеста кон крајот на август е потврдена во областа на Варна во соседна Бугарија, а присутна е и во Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска, Молдавија, Романија, Чешка и Унгарија.
Унапредувањето на биосигурносните мерки на фармите, според Атанасов, има исклучително значење за фармерите од аспект на подобрување на здравствената заштита на животните и намалување на трошоците за лекување.
Од 90 комерцијални одгледувалишта на свињи колку што се евидентирани во земјава досега се категоризирани 78 фарми.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект