Атанас Илиев 12 години не може да ја види својата ќерка, неговата тогашна жена ја носи надвор од Македонија и никогаш не ја враќа
Денеска 25ти април е Светски ден за борба против родителско оттуѓување. Г-дин Атанас Илиев универзитетски професор на ФЕИТ, ни ја раскажува својата неправедна приказна и децениска борба против оттуѓувањето од својата ќеркичка Лилка. Борбата за Лилка трае од денот кога нејзината мајка ја носи надвор од границите на Македонија и никогаш повеќе не ја враќа.
Постапката во случај на меѓународно грабнување на дете е преку Хашката конвенција која предвидува механизми кои детето веднаш го враќаат во земјата од која е изнесено. Но Лилка 12 години не е вратена дома.
Тагата, копнежот, болката и неправдата си го земале својот данок.
Овој крик на болка е и крик за правда на сите родители кои бесправно и бесрамно се оттуѓени од своите чеда.
Оттуѓувањето е тешка форма на семејно насилсто во која сакајќи да му се нанесе болка на едниот од родителите вусшност најмногу и најтешко се повредува детето.
Верица Стојанова
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари