Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
Кошаркарскиот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги предупреди евролигашите да внимаваат што прават, бидејќи неговиот тим може да го напушти ова натпреварување и да се пресели во НБА лигата.
Турскиот стручњак ова го кажа при промоцијата на новата клупска апликација, и по триумфот над Макаби 93:87 во натпревар во кој имаше многу поплаки за судењето.
- Панатинаикос е голем клуб, можеби и најголемиот во Европа. Ја имаме најдобрата сала во Европа, ги имаме најдобрите навивачи во Европа, имаме најдобри резултати во Европа, а сега ја имаме и најдобрата апликација. Челниците на Евролигата треба да размисли како се однесуваат со нас, бидејќи можеби ќе добиеме покана да играме во НБА лигата, но тамошните клубови се плашат да играат во нашата сала, изјави Атаман.
Сепак, ова веројатно беше само шега како дел од маркетиншката кампања за промоција на новото партнерство, но ова не е прв пат Атаман да ги поврзува Панатинаикос и НБА лигата.
- Бостон ја освои титулата во НБА лигата и на социјалните мрежи оставија порака „шампиони на светот“, а потоа од Евролигата одговорија дека овој тим треба прво да го победи овој тим и ја објавија нашата фотографија. Американците имаат високо мислење за себе, а јас им велам ако мислат дека се најдобри на светот, нека дојдат да не победат нас, шампионите на Европа, изјави Атаман пред неколку месеци.
Ново на Сител
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25