„Астра зенека“ во соработка со Русија ќе работи на комбинирање на вакцините
Британската компанија „Астра зенека“ објави дека ќе почне соработка со рускиот Институт „Гамалеја“ со цел да се утврди дали нивните вакцини против Ковид-19 може успешно да се комбинираат. Институтот „Гамалеја“ ја разви вакцината „Спутник 5“.
„Астра зенека“ соопшти дека работи на мултилатерална програма за имунизација против Ковид-19 преку потенцијална комбинација на вакцини.
Во соопштението се додава дека е можно комбинацијата на вакцини да го подобри имунитетот за подолг временски период.
Производителите на вакцината „Спутник 5“ се подготвени да ја споделат својата технологија со фармацевтските компании од Франција и Велика Британија – „Санофи“ и „ГалаксоСмитКлајн“ (ГСК), е објавено на твитер-профилот на „Спутник 5“.
„Тимот на ’Спутник 5’ е подготвен да ја сподели технологијата со ‘Санофи’ и ГСК за да им помогне да ја развијат вакцината до крај. Партнерството на разни производители е наш пат кон иднината. Заедно можеме да бидеме посилни“, стои во твитот пренесен од ТАСС.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден