Фудбал
19. April 2018 - 9:57

Асистенција на Пандев, пораз на Џенова во Рим

Заврши серијата на Џенова од 4 средби без пораз и тоа во Рим каде екипата на Горан Пандев е поразена со 2-1.

Ундер ја доведе волчицата до водство од 1-0 а вториот погодок за домашните беше автогол на Зукановиќ. 
Во 61м Лападула постигнува погодок по одличната асистенција на Горан Пандев за конечни 2-1.
Нашиот капитен веднаш потоа беше заменет.