Асфалтирање на повеќе локации во Крива Паланка
На повеќе локации на подрачјето на Крива Паланка во тек се градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура. Во втората половина од септември спроведени се повеќе градежни активности од областа на патната инфраструктура, изградба на спортски игралишта, асфалтирање на училишни дворови, изградба на потпорни стени и друго.
- Извршено е комплетно санирање и проширување на патот кон село Мартиница во должина од четири километри и делумно санирање и проширување на патишта во атарот на село Конопница во вкупна должина од три километри. Во завршна фаза е работата на потпорниот ѕид кај свлечиштето во Дурачка Река, изграден со габиони од плочест камен поради подобра статичка композитност на градбата, подобра носивост и изглед, информираат од Општината.
Изградени се и две потпорни стени покрај пешачката патека „Вискока зона –лев брег“, а во тек се и активностите за изградба и уредување на пешачката патека по должина на трасата на т.н. стара вада.
Од локалната самоуправа потенцираат дека се работи на пешачка патека на улица „Македонска“ со изградба на потпорни стени во должина од над 30 метри и висина од три до шест метри, асфалтирани се околу 700 метри квадратни површина во дворот на основното училиште „Илинден“, околу 450 метри квадратни дворна површина во градинката „Детелинка“ и асфалтиран е спортскиот терен во Дурачка Река, на локацијата кај Маневски мост.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол