-->
-->
Асфалтирање на неколку локации во Крива Паланка
-->
Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и тековно оддржување на локална патна инфраструктура на општина Крива Паланка за 2016 година, во тек е санација на пристапот околу Здравствениот дом во градот, а се поставува нов асфалт и на улицата „Илинденска“, информираат од локалната самоуправа на општината.
Санацијата се врши на барање на барање на ЈЗУ здравствен дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка, доставено до Советот на општина Крива Паланка.
- Поради лошата состојба на пристапот и околниот простор во болницата Советот одлучи да го прифати барањето и во рамки на градежните активности за асфалтирање на територијата на општината се врши санација на пристапниот дел околу здравствениот дом. Ќе бидат заменети над 700 метри квадратни оштетен асфалт, а активностите се очекува да финишираат за неколку до крајот на неделата, во зависност од временските услови, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Во завршна фаза е и асфалтирањето на улица Илинденска, во централното градско подрачје.
- Поради големиот број оштетувања и дупки во постојниoт дотраен афалтен слој, несоодветно беше да се спроведе крпење на ударните дупки, па одобрено е поставување комплетно нов асфалт. Ова е многу фреквентна сообраќајница поради концентрацијата на голем број население, истата е пристап до повеќе стамбени објекти за колективно домување, а на улицата се наоѓаат централниот објект на детската градинка „Детелника“ и Јавното претпријатие „Комуналец“, појасни Алексовски.
Програмата за изградба, реконструкција и тековно оддржување на локална патна инфраструктура на општина Крива Паланка за 2016 година е најобемна досега и се спроведува со буџет од 80 милиони денари обезбедени од АФПЗРР на РМ, Биро за регионален развој, од буџетот на општина Крива Паланка, Министерство за транспорт и врски, ЈП за патишта на РМ , редовно одобрување за одржување на локална патна мрежа и од Министерство за финансии преку Светска банка.
Асфалтирање и крпење ударни дупки ќе се спроведе и долж главната улица св.Јоаким Осоговски и на дел од улица Лозановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...