Асфалтирани три улици во општина Зрновци
Општина Зрновци продолжува со реализирањето на зацртаните проекти во делот на комуналната инфраструктура. Според програмата денеска се асфалтирани и преостанатите три улици во населеното место Зрновци.
-Се определивме да ги асфалтираме улиците „Аспарух Манев“, „Филе Ристов“ и „Генерал Апостолски“ во должина од 1.300 метри. Вкупната инвестиција изнесува 1 милион денари, средства што ги обезбедивме од Буџетот на општината за оваа година, истакна градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
Во изминатите месеци од оваа календарска година, според Станков, регулирано е коритото на Морошка река, изградени се два моста на Видовишка река, поврзани се населените места Мородвис и Видовиште со нова асфалтна сообраќајница со магистралниот пат М-5 во должина од 1.500 метри, а општинската зграда доби нова термо фасада. До крајот на годината, најави Станков, ќе започнат градежните работи на новата детска градинка и на мостот на Зрновска река кој настрада во поплавите на почетокот од годинава.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ