Асфалтирани три улици во општина Зрновци
Општина Зрновци продолжува со реализирањето на зацртаните проекти во делот на комуналната инфраструктура. Според програмата денеска се асфалтирани и преостанатите три улици во населеното место Зрновци.
-Се определивме да ги асфалтираме улиците „Аспарух Манев“, „Филе Ристов“ и „Генерал Апостолски“ во должина од 1.300 метри. Вкупната инвестиција изнесува 1 милион денари, средства што ги обезбедивме од Буџетот на општината за оваа година, истакна градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
Во изминатите месеци од оваа календарска година, според Станков, регулирано е коритото на Морошка река, изградени се два моста на Видовишка река, поврзани се населените места Мородвис и Видовиште со нова асфалтна сообраќајница со магистралниот пат М-5 во должина од 1.500 метри, а општинската зграда доби нова термо фасада. До крајот на годината, најави Станков, ќе започнат градежните работи на новата детска градинка и на мостот на Зрновска река кој настрада во поплавите на почетокот од годинава.
Ново на Сител
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот