Асфалтирана сообраќајница во село Нивичани во Осоговијата
Согласно програмата за рурален развој Општина Кочани доби финансиски средства од Агенцијата за финансика подршка во земјоделството и руралниот развој за пробивање, изградба и асфалтирање на сообраќајница во село Нивичани која ке се поврзе со регионалниот пат Кочани, Нивичани, Рајчани, Турско Рудари во општина Пробиштип.
-Новата сообраќајница е со должина од 480 метри и ширина 3,5 метри и ке го поврзува населението од ова населено место со регионалниот пат кој поминува низ селото. За неговата изградба и асфалтирање наменети се три милиони и 900 илјади денари, средства добиени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделеството и руралниот развој, изјави Петар Апостолов, секретар на општина Кочани.
Градежните работи и асфалтирањето ги изведува компанијата „Имако“ од Гостивар.
Паралелно со овие активнсоти општината заврши со асфалтирањето на патниот правец од Кочани кон село Лешки во падините на Осоговските планини во должина од 4,5 км со што и ова планинско село се поврза со регионалниот пат Кочани - Спортско рекреативен центар Пониква.
Ново на Сител
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните