Свет
1. March 2016 - 14:49

Асад: Примирјето е „трошка надеж“ за Сирија

Претседателот на Сирија Башар ал Асад денеска оцени дека прекинот на огнот претставува „трошка надеж“ за земјата и порача дека Сирија ќе го исполни својот дел од обврските за примирјето да функционира. 

Тој во интервјуто за германската телевизија „АРД“ понуди амнестија и „прилика за враќање во мирниот живот“ на бунтовничките групи во Сирија, пренесува Танјуг. 

Асад во интервјуто кое целосно ќе биде емитувано подоцна денеска, истакна дека сирискиот народ се соочува со „хуманитарна катастрофа“. 

Прекинот на непријателството во Сирија стапи во сила во саботата.