Асад: Подготвен сум да преговарам за се во Казахстан
Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата Влада е подготвена да преговара за се на предложените мировни преговори во Казахстан, за кои се уште не се знае точниот датум, ниту кој ќе ја претставува опозицијата.
Асад додаде дека е прекршен прекинот на огнот, во кој посредуваа Турција и Русија, како и дека војската сакала да ја заземе цела Сирија, вклучувајќи ги и подрачјата кои ги држат бунтовниците во близина на Дамаск, каде е бомбардирана структурата за водоснабдување.
Русија минатиот месец постигна договор со Асад, Иран и Турција во Астана, главниот град на Казахстан да се оддржат новите мировни преговори, откако бунтовниците го претпеа најголемиот пораз во војната, повлекувајќи се од источен Алепо.
Асад додаде дека владината делегација е подготвена да замине за Астана, кога ќе биде соопштен конечниот датум за оддржување на мировните преговори.
- Подготвени сме на преговори за се, рече Асад.
Запрашан дали тоа го вклучува и прашањето за неговата позиција на претседател, одговори потврдно, но додаде дека неговата позиција е поврзана со Уставот.
- Доколку сакаат да разговараме за прашањето на мојата позиција, тогаш мораат да разговараат и за Уставот, додаде Асад.
Тој истакна дека за каков било нов Устав граѓаните мора да се изјаснат на референдум, а на сирискиот народ е да го избере претседателот.
Ново на Сител
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„