Асад: Џихадистите ја нападнаа Палмира за да го оттргнат вниманието на сириските воени сили од Алепо
Нападот на екстремистичката групација Исламска држава врз Палмира е реакција предизвикана од успесите на сириската армија во борбата против терористите во Алепо и обид да се оттргне вниманието на воените сили од тој град, изјави денеска сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за руската телевизија Ар Ти.
- Тоа е одогвор на случувањата во Алепо, напредувањето на сириската армија и тие сакаат да ја поткопаат победата во Алепо и истовремено да го оттргнат вниманието на сириската армија од Алепо, но тоа не функционира во пракса, рече Асад.
Според него нападот на ИД врз Палмира „не предизивкува интерес“ во западните медиуми.
- Ако ние сепак го ослободиме Алепо од терористите, западните власти и медиумите ќе бидат загрижени за цивилите. Тие не стравуваат кога се случува спротивното, кога терористите ги убиваат тие цивили или ја напаѓаат Палмира и почнуваат да го уништуват човечкото наследство, не само сириското, додаде Асад.
Ново на Сител
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија
-
Трамп најави нови царини на лекови, камиони, мебел
-
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
-
Без струја повеќе скопски села и општини
-
Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион