Македонија
13. May 2020 - 13:48

Арсовски: Заев ги давал разговорите кому стигне – со нив денес може да тргуваат и уценуваат

Зоран Заев е најголемото зло што и се случило на Република Македонија.

Зоран Заев вчера ја потврди автентичноста на разговорите кои граѓаните имаа можност да ги чујат деновиве каде што го пцуе сопствениот народ, но и јавно потврдува дека бомбите ги имале повеќе луѓе со сомнителен бекграунд.

Се потврди дека нелегално стекнатите аудио записи кои ги имаше Зоран Заев за илјадници граѓани и пристап до нив имале воедно и Зоран Заев и ги давал на кого стигне.

Јасно е како бел ден дека разговорите во моментов може да ги поседува било кој и да уценува било кого, само затоа што Зоран Заев тие истите разговори ги давал и пристап до нив и луѓе кои што претходно биле обвинети за криминал како на пример Захир Беќири Чауш, партиски близок човек на Зоран Заев инаку обвинет за фалсификување патни исправи. Каде што заедно со него селектирале што да се објавува во медиумите.

Зоран Заев е човекот кој што десетици илјади приватни разговори од граѓани ги дал во рацете на разни луѓе кои денес може да тргуваат, уценуваат и изнудуваат пари од граѓани и бизнисмени кои што ги има на снимките. Впрочем тоа го правеше Зоран Заев најпрвин преку СЈО, а сега гледаме дека и многу други луѓе ги поседуваат и имаат пристап до бомбите на Зоран Заев. Тоа и самиот Заев го потврди на онаа бомба која што беше објавена во медиумите од пред неколку денови.

Сега веќе е јасно дека не се предадени сите разговори во институциите, ниту пак дека ги поседувал само еден човек. Овие аудио бомби веќе се предмет на тргување на таканаречениот црн пазар и може било кој да тргува и да ги купи.

Не може да се очекува и ништо поинакво од човек кој си го пцуе сопствениот народ. Но, Зоран Заев треба да биде свесен дека сопствениот народ се срами од него и неговите постапки.

Вистинското лице и лицемерието на СДСМ и Заев за жал граѓаните го видоа и тоа преку пцовки, потврдувајќи дека Заев дека се што говореше во јавноста е невистина, манипулирајќи ги граѓаните.

Наводната борба на Заев за подобар живот била само борба за власт и криминал.

Новинарско прашање: Вчера по лидерската средба Заев излезе со тврдење дека изборите се прогласени и дека е постигната согласност за важење на уредбата за изборите т.е изборите да се одржат 22 дена по вонредната состојба. Коментар за ова и коментар за изјавата на социјалните мрежи на Љупчо Николовски во однос на лидерската?

Одговор на новинарско прашање: Да успеав да го прочитам оној пост на Љупчо Николовски од СДСМ но морам да истакнам дека Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не биле прифатени вчера на лидерската средба буквално од ниту еден од лидерите кои што беа учесници на средбата. Зоран Заев како и секогаш на средбата отишол неподготвен, исклучиво подготвен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните. Тука е лицемерието на СДСМ и Зоран Заев каде што велат дека здравјето на граѓаните им е пред се, а всушност единствено им се зборува за датуми. Неколку невистини искажани од Заев и Спасовски по одржаната лидерска средба би сакал да јавно да ги обелоденам пред граѓаните за да не дојде до забуни.

1. Најпрвин не е точна изјавата на Зоран Заев дека “изборите се прогласени” . Најпрвин избори не можат да бидат прогласени кога договор за датум нема консензуално од лидерите, а датумот пред се зависи од три фактори: оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, потоа мислење од ДИК за преземање било какви дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на официјални набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР кои треба да обезбедат целосно покривање односно мониторинг на мисијата и целиот изборен процес односно и денот на гласањето.

2. Целосно е невистинито и повторно тука лажат Зоран Заев и Спасовски со тврдењето дека изборните дејствија продолжуваат таму каде застанаа последниот пат пред да се прогласи на вонредната состојба од страна на Стево Пендаровски. Не може да е така ова затоа што фактот дека и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја проценка за тоа колку време е потребно време за подготовка на изборите под услов дека комисијата за заразни болести ќе даде зелено светло дека може да има услови за кампања односно да си течат изборите и објективното потребното време на ДИК за прочистување на избирачкиот список, односно организирање на самите изборни дејствија и условите кои треба да бидат обезбедени. Таков рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите.

3. Трета невистина од Зоран Заев е таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на еден изборен период. Тоа не може да се толкува така и на тој начин и преставува противправно толкување на изборниот законик. Сега веќе е се повеќе забележително незрелото однесување на Зоран Заев како и лицемерието и без чувствителноста кон заштитата на здравјето на граѓаните кое сепак е најважно за сите останати освен за Заев кое му се брзи за избори.

За Зоран Заев лидерската средба се претвори во политиканство и во борба за помал пораз, а не и во суштинска борба за здравјето на граѓаните односно најпрвин да се исполнат сите услови, па потоа да се организираат избори. Добро е што на таа лидерска средба е прифатен планот на претседателот Мицкоски во 4 точки со што ќе се гарантира најпрвин здравјето на граѓаните. Уште подобро ќе биде Зоран Заев на ова да пристапи сериозно и зрело, а не незрело и очајно како и во моментов или калкулантски во обид да спаси нешто од последните денови на својата политичка кариера. Ова не е борба за потесен пораз на Зоран Заев туку борба за заштита на здравјето на граѓаните кое е најважно во моментов. Но сепак нокаутот од народот за Зоран Заев на изборите не му бега, кога и тие да се случат, Зоран Заев ќе изгуби, ќе биде нокаутиран од страна на граѓаните, но во моментов сега е најважно здравјето на граѓаните.

2.Новинарско прашање: Дали може ваш коментар во однос на одлуката да може функционерите да патуваат во странство без притоа по враќањето да влегуваат во карантин?

Одговор на новинарско прашање: Па еве, уште едно лицемерие на увид на јавноста лицемерие од страна на СДСМ и Зоран Заев најпрвин велат дека здравјето на граѓаните им е најважно, а потоа дозволуваат да функционерите односно носат уредба да функционерите оние именувани од власта да можат да патуваат во странство без притоа да ги почитуваат сите оние мерки кои што се зададени и ги почитуваат и граѓаните кои што се враќаат од патувањата во странство односно влегување во изолација карантин итн.

Мора да сфатат СДСМ Зоран Заев и власта дека нивното здравје не е ништо повеќе или помалку од здравјето на граѓаните сепак тие не се ништо повеќе супериорни од граѓаните кои што треба да ги почитуваат законите и мерките донесени од страна на владата за оваа пандемија и предложени од официјалните лица, а не да се однесуваат вака незрело несериозно каде што сакат да се претстават дека тие се нешто повеќе од граѓаните кои што живеат во оваа држава напротив заврши тоа време каде што државните функционери се повеќе од граѓаните не туку треба сите да ги почитуваат еднакво мерките кои што се зададени и кои што закони владеат во Република Македонија.

Ова е уште едно лицемерие дека воопшто не им е важно здравјето на граѓаните единствено сакаат да користат полуги кои што самите себеси си ги задаваат и во еден случај да се наметнат над законите и граѓаните .