Арсовски: Власта ги става политичките, партиските и бизнис интересите пред интересите на Општина Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ.
Политичките, партиските и бизнис интересите ги ставаат пред интересите на Општина Охрид и сите граѓани кои што живеат таму.
Молк владее и кај локалната, богами и кај централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридското езеро. Овој пат тоа е бетонска база која без дозвола ја гради добро познатиот советник од Охрид, Нефи Усеини кој инаку е многу близок со раководството на СДСМ во Охрид и со градоначалникот. СДСМ за оваа бетонска база се прави недоветна, иако ги има сите полуги на системот во свои раце.
Да потсетиме дека истиот овој советник е поврзан со изградбата на нелегалната тераса во Охридската чаршија покрај чинарот во самиот центар на чаршијата. Ниту за ова немаше никаква реакција од институциите, од проста причина што со истиот Нефи Усеини, СДСМ и градоначалникот имаат направено политички пазар. Сега гледаме дека политичкиот пазар подразбирал и изградба на бетонска база, повторно нелегално, на самиот брег на Охридското езеро со цел да се бетонира упропастувањето на целиот Охрид.
Тоа што Охрид се претвора во џунгла со дивоградби, тоа што Охрид ќе биде тргнат од листата на УНЕСКО, тоа што нелегално се градат хотели, минариња, тераси и бази, сето тоа оди на душа на Зоран Заев кој сето тоа го одобрува и дозволува.
Бараме надлежните институции, како локални, така и централни да се охрабрат, да не се плашат и покрај притисоците кои што ги врши Заев и да превземат соодветни мерки и да го санкционираат ваквиот башибозлук. Урбаната мафија во Охрид можеби сега се чувствува заштитена од Заев и не се плаши, ама верувајте дека со падот на овој криминален картел на власт сигурно ќе дојде време кога сите тие ќе одговараат за сите постапки кои што ги прават на нелегален начин, бидејќи кривичните дела не застаруваат.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
