Арсовски: Со покачувањата на литар гориво, Заев секое семејство го оштетува за 600 денари месечно
Кризниот данок кој што го воведува Зоран Заев за горивата и СДСМ од 4,13 денари директно им задира во џебот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Лично Зоран Заев со своите наметнати давачки од почетокот на мандатот, до сега, давачките за литар гориво ги им зголемено за 14 денари по литар. Повторно ќе потенцирам, едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40тина литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство. Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев. Ова треба да ги покрие непродуктивните трошења на СДСМ и целиот грабеж. Овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор, вели Арсовски.
Тој додава дека транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и покачување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор.
-Да бидеме реални, радиодифузната такса чинеше 190 денари која што ја укина Зоран Заев, а на сметка на тоа ги зголеми давачките за литар гориво за 14 денари изминатите години или во просек им наметна нови давачки на едно просечно семејство односно 600 денари секој месец. Кажав и претходно, ќе кажам уште еднаш, ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира ова на секој можен начин. Во Собранието, користејќи ги сите демократски начини и алатки. Ова не смее да помине. Не смее да се наметне уште еден трошок на граѓаните, вели Аросвски.
Ново на Сител
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража