Арсовски: Нема криминалец во РМ којшто не е близок со семејството Заеви или со раководството на СДСМ
Нарко картелот Заеви веќе неколку дена молчи и се обидува да го покрие случајот каде што со дрога од над 800.000 евра беа фатени блиски луѓе на Заеви и СДСМ.
Возачот на Трајче Заев и командирот на ПС Прилеп се уапсени за дрога, за огромно количество на дрога а Зоран Заев вели дека можеле да се дружат колку сакаат со неговите братучеди, но ќе одговарале. Ќе одговараат затоа што не зависи од Зоран Заев не зависи од Заеви бидејќи да зависеше од нив тие сеуште ќе возеа комбиња полни со дрога низ Република Македонија.
Нема криминалец во Република Македонија кој што не е вмешан во тежок криминал и корупција, а не е другар, пријател или близок на некој од семејството Заеви или на некој од високото раководство на СДСМ . Неверојатно е како сите оние кои што ќе бидат фатени во криминал или ќе бидат обзнанети од опозицијата дека сториле криминал, да се пријатели, соработници, ортаци или да се на стотици слики заедно со Заеви и пак со челните лица од СДСМ.
Кире Чипсио Спиркоски е одраз на она што е во моментов раководството на МВР.
Кире Чипсио беше најревносен во штитењето на партиските политики на изминативе години во Прилеп, партиските политики на СДСМ и сериозно одработуваше и во периодот на изборните процеси за политичката партија СДСМ. Тоа е јавна тајна во Прилеп, тоа е јавна тајна во МВР, тоа го знаат сите.
Кире Чипсио, началниците на СВР низ државава, кумановските началници, штипските, велешките, струмичките, битолските началници се само дел од партиската војска на СДСМ која работи за избори и користи неконвенционални методи за местење на избори и принудување на граѓаните да гласаат за СДСМ . За возврат од Зоран Заев и Спасовски дозволено им е да прават што сакаат во своите градови и често пати да ги кршат своите надлежности. Едноставно, во секој град има по некој началник што ги штити криминалците блиски на СДСМ.
Одговорност за целиот случај мора да има, оставки мора да има. Оливер Спасовски ниту е кредибилен министер повеќе , ниту пак има повеќе политички и морален кредибилитет да раководи со полицијата, која што за жал стана дел од нарко картелот на Заеви но и логистика на светските нарко картели.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци | ВИДЕО
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
-

Бугарскиот парламент гласаше претседателските избори да се одржат на 25 октомври
-

Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилската треска
-

Опожарено возило во Скопје, сопственост на правно лице од Косово
-

Мицкоски: Законот за Скопје-Европска престолнина на културата 2028 е изготвен согласно праксата на ЕУ, за да нема сомнежи ќе биде ставен на јавна расправа
