Арсовски: Истрагата за „Рекет“ фарса
Целата истрага за случајот “Рекет” е една огромна фарса. Цели 5 месеци, Рускоска обвинителството, Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Судот и сите останати ги манипулираат граѓаните и јавноста, си играат со нивната интелигенција и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминално-рекетарски скандал во историјата на Република Македонија.
Единствена цел на оваа фарса, режирана од Рускоска и Јовевски, под диктат на Зоран Заев, е да се прикријат Кики, Фрики, Шеки, Баки и другите, за да не се стигне до главата на октоподот која се наоѓа во врвот на Владата. Сите знаат кој е главата на октоподот и сите знаат кој е нарачателот на рекетот, бидејќи Бојан Јовановски сам ниту на сон не можел да рекетира.
Истрагата целиот период се водеше непрофесионално и со бројни сомнежи кои упатуваат на тоа да ги прикријат трагите на вистината.
Од самиот почеток на истрагата беше дозволено од страна на Рускоска на Катица Јанева и останатите осомничени да прикриваат и бришат докази, да форматираат компјутери, да влијаат врз сведоци.
Фарса е и затоа што Заев има ветено на сите тројцата осомничени дека ќе ги извади од притвор и веќе почна тоа да го прави. Еден од осомничените излезе од притвор и во тој случај сите осомничени ќе можат да влијаат на сведоци, докази и искази.
Во екот на најголемата истрага за рекетирање, Рускоска и целото обвинителство си отидоа на колективен одмор и тоа отвора дополнителни сомнежи во целиот случај.
Едно е јасно и очигледно. Целиот период Заев и Рускоска се пазареа со извршителите на рекетирањето.
Никаде ги нема ниту синот на Катица Јанева, ниту врвот на СДСМ, ниту другите помагачи на делото рекет кое го извршувале Катица Јанева и Бојан Јовановски.
Почитувани,
Оваа огромна фарса која ни е сервирана изминативе 5 месеци се со цел да се спасат нарачателите, не смее и не може да заврши само со 3ца обвинети за кои знаеме дека без поддршка од власта не смеат да рекетираат.
Право и правдина мора да има и ќе има, но не на ваков начин.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци