Арсовски: Идентитетот и јазикот не може да бидат предмет на преговори
Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелноста од страна на ЕУ може да има последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ целиот процес на интеграција на Западен Балкан и да се помагаат, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.
Тој истакна дека друга алтернатива освен европската иднина за Македонија и за Западен Балкан не постои и оти аспирација на нашата земја е да стане членка во ЕУ. Но, како што рече, македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смеат да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел. Македонија, нагласи Арсовски, единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.
-Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен. Идентитетот и јазикот не смеат во ниту еден случај да бидат предмет на преговори. Државата ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е трната преку процесот за европските стандарди дома, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот на преговори за членство. Македонија како никој досега заслужува да биде членка на ЕУ, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.
Според него, доказ за тоа е и што Македонија има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и во односите со самата Унија.
Ново на Сител
-

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
