Арсовски: Досега во земјава нема лица од Украина кои побарале статус на бегалец
Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, па досега, според информациите на Министерството за внатрешни работи, во земјава влегле 1.924 украински државјани, а на излез од државата во овој период се регистрирани 1.365, потврди владиниот портпарол Душко Арсовски.
Досега, како што посочи тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, нема лица кои побарале статус на бегалец и сите кои доаѓаат се сместуваат кај роднини или пријатели.
– Северна Македонија не е на рутата на бегалци од војната во Украина на начин каков што гледавме претходните години во однос на бегалската криза од војната во Сирија. Независно од тоа Владата презема конкретни чекори и беа задолжени министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за финансии, за надворешни и за внатрешни работи да преземат мерки за организирано прифаќање на евентуални бегалци и нивно сместување. Министерството за финансии беше задолжено да обезбеди 120 милиони денари за хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓани на Украина кои би дошле во Северна Македонија. Досега според последните информации нема лица кои побарале статус на бегалец. Сите оние кои доаѓаат се сместуваат кај роднини и кај пријатели, рече Арсовски.
Ново на Сител
-
Д Фестивал годинава со хуман карактер за настраданите во кочанската дискотека
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци