Арсовски: Дали на повидок е нов скандал поврзан со Кочо Анѓушев?

Додека Кочо Анѓушев се закануваше со тужби за клевети кон мене деновиве и во Собранието Заев одеше против волјата на граѓаните, истиот тој Заев лично на 9 октомври му потпишал на неговиот вицепремиер и сопартиец Кочо Анѓушев согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште за изградба на хидроцентрала.
Заев по пат на непосредна спогодба, на Друштвото за производство, трговија и услуги „МХЕ ТОПОЛКИ ДОО“ Скопје, каде што еден од сопствениците е Кочо Анѓушев преку фирмата „Фероинвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител, му доделил градежно земјиште во вкупна површина од 7.105м2 во катастарската општина Дреново за изградба на хидроцентралата „Тополка“. Одлуката е излезена во службен весник на 15-ти октомври.
Почитувани,
Дали станува збор за нов скандал каде што Владата во која што Кочо Анѓушев е втор човек му доделува во непосредна постапка согласност за изградба на хидроцентралата на истиот тој втор човек Кочо Анѓушев?
Дали станува збор за нов случај на судир на интереси каде што Владата во која што Кочо Анѓушев е вицепремиер му доделува земјиште за хидроцентрала исто така нему?
Ова е класичен, најкласичен случај на судир на интереси во владата на СДСМ.
Кочо Анѓушев преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер.
Но, очигледно на Кочо Анѓушев поважен му е личниот интерес и интересот на неговиот бизнис.
Предупредувавме од самото негово назначување дека Анѓушев ќе работи единствено за неговиот личен интерес, а не за интересот на граѓаните.
Практично оваа Влада работи лично за нивниот интерес и нивниот бизнис, а граѓаните ги оставаат на цедило.
Но, почитувани граѓани, ќе дојде ден кога судството и институциите ќе бидат независни и нема да бидат под контрола на Заев и СДСМ, сите функционери на оваа Влада кои го прекршиле и огрешиле пред законот ќе одговараат.
На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат!
Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната
-

Притвор за 39-годишник кој преку социјални мрежи се заканувал и го навредувал премиерот Мицкоски
-

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА
-

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
