Арсовска: Улица во центарот на Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица во Скопје да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло, Аки Рахимовски.
-Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.
Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
