Арсовска Томовска на Светскиот самит за Отворено владино партнерство во Париз
Во рамките на четвртиот по ред ′Светски самит за Отворено владино партнерство 2016′ во Париз, Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на две панел-дискусиии насловени како: „Градење на доверба во Владите„ и „Одговорност и отчетност кон граѓаните преку јавните услуги“ како и на министерската тркалезна маса посветена на имплементацијата на Отворена влада.
Учесниците, како што информира Министерството за информатичко општество и администрација, дискутирале за можностите кои ги нуди отворената влада во однос на реформите во јавниот сектор и социо-економскиот развој, а беа разменети мислења и за иднината на Агендата за отворена влада. Арсовска Томовска меѓу другото се осврна на начините со кои јавната администрација ќе биде отчетна и ќе претставува вистински сервис за граѓаните.
Самитот, кој се одржува од 7 До 9 декември е во организација на Владата на Република Франција, ОЕЦД и иницијативата Отворено владино партнерство. На него учествуваат политички лидери и претставници на граѓанското општество од 70 земји во светот: вкупно 3 илјади присутни и тоа шефови на држави или влади, министри, државни службеници, парламентарци, локални власти, претставници на граѓански организации. Меѓу учесниците се и претседателот на Франција Франсоа Оланд, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Во рамки на посетата, министерката Арсовска Томовска, исто така, имаше можност да сподели искуства со своите колеги министри од повеќе земји во Европа и светот, за теми како зголемување на инклузивноста при креирањето политики и испораката на услуги, зајакнување на владиното партнерство со граѓаните и граѓанските организации, како и придонесот на отворената влада кон доброто управување, демократијата и инклузивноста.
Република Македонија во 2011-та година пристапи кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива, досега се подготвени три акциски планови (2012-2014, 2014-2016 и 2016-2018).
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“