Арсовска се сретна со кандидатите за градоначалници на Скопје
Дел од проектите кои се конструктивни и беа дел од програмите на сите кандидати за градоначалници сметам дека треба да бидат вклучени за имплементација на Град Скопје за следните четири години, затоа што секој од кандидатите има свои квалитети и знаење кои беа истакнати низ трката за подобро, поубаво Скопје и може да придонесе кон заедничката визија за современ град кој ќе нуди еднакви можности за живот за сите граѓани, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната средба со кандидатите за градоначалници за Град Скопје на Локалните избори 2021.
– Ова треба да е континуирана заедничка заложба за позитивни промени, за доброто на градот и на нашите сограѓани. Формирање на работно тело е првиот чекор кон реализација на оваа соработка, кое ќе делува во насока на креирање конструктивни предлог политики за развој на градот во следните години, рече Арсовска.
На средбата, како што соопшти Градот, се разговарало, за проекти како и за истакнати приоритетни предизвици со кои граѓаните се соочуваат, а за кои се неопходни брзи и ефикасни решенија. Се донеле заклучоци дека заеднички, транспарентно, со соработка може да се реализираат предвидени проекти, со цел обезбедување на подобар квалитет на живот на сите скопјани.
Арсовска дополни дека преку ова работно тело ќе може секој да придонесе со свои идеи и предлози, за доброто на градот.
– Да покажеме отвореност, соработка, транспарентност и да покажеме дека можат луѓето да бидат во изборна трка, а сепак да делуваат конструктивно имајќи го јавниот интерес на граѓаните пред се како приоритет. Ја ценам експертизата на кандидатите и верувам дека секој од нив може да придонесе за носење на промените за нашето Скопје, рече Арсовска.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
-

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-

Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“
