Арсовска: Приватните превозници протестите да ги префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната прес-конференција информираше дека од 1 јуни 2022 година до овој момент исплатени се вкупно 111 милиони денари, од вкупно фактурирани 120 милиони денари обврски кон „Слободен превоз“. Кон „Мак експрес има фактурирани 44 милиони денари и како што вели, сите се платени. Ги повика претставниците на приватните превозници најавениот протест да го префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
-Ги повикувам претставниците на „Слобода превоз“ и на „Мак експрес“ овие протести коишто ги најавуваат да ги префрлат пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ чиишто директори го генерирале долгот којшто сега тие сакаат да го претставуваат како неуспех на градското раководство, а исто така и на новото раководство на ЈСП кое ги решава проблемите и сите оние долгови коишто се изгенерирани во изминатите години, порача Арсовска.
Градоначалничката посочи дека ваквите состојби се политизираат и дека приватните превозници не го почитуваат договорот, што е потпишан со ЈСП на две години и оти не е исполнета обврската за усогласување на автобусите со еколошки стандарди, фискализирање на наплатата на билетите, навремено пристугнување на автобуските станици и одржување на хигиената на соодветно ниво.
Се осврна и на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски и истакна дека нема да ја земе за зло, бидејќи како што рече се работи за „несмасна изјава, поради негово политичко неискуство“.
-Сметам дека ќе има време пред себе да покаже и да демонстрира дека не мислел ништо лошо. Бидејќи премиерот Ковачевски го спомна и ЈСП, сакам да го потсетам дека ова претпријатие стана загубар токму во времето на владеењето на СДСМ и на Петре Шилегов како нивен градоначалник и го повикувам премиерот да ги употреби своите ингеренции, не да зборува за туѓи ингеренции и да ја повика финансовата полиција да го провери работењето на Шилегов и на претходниот директор на ЈСП за она кое што беше истакнато во јавноста дека веќе има пријава за проневера од околу 33 милиони денари од тој период, додаде Арсовска.
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
