Арсовска оствари средба со амбасадорот на Полска, Тицињски
Проектите што се приоритет во работењето на градската администрација, со посебен осврт на зелената транзиција, подигањето нови мега паркови и активностите што се преземаат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина, беа во фокусот на средбата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски.
Како што информираат од Град Скопје, на средбата, Арсовска и Тицињски разговарале и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Полска, за развој на туризмот во Скопје и зголемување на бројот на туристи од Полска, како и привлекување странски инвестиции имајќи го предвид фактот што Полска е единаесетти трговски партнер на Македонија.
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
