Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство
На новинарското прашање од денешната прес конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, во однос на наводите дека е бугарски државјанин, таа истакна дека во целост ги негира таквите тврдења.
„Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам и тоа го прават зошто, затоа што јас не бев ниту човекот ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат и своите политички кариери и функции„ – посочи Арсовска.
За Арсовска, ваквите обвинувања, како што кажа таа, се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, затоа што таа е свесна, а според неа свесни се сите дека за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат.
За Данела Арсовска, е бесмислена кандидатурата за градоначалник, доколку кандидатот има црни дамки на себе.
„Да сум направила нешто погрешно немаше да се кандидирам во трка каде што ќе ме напаѓаат вакви безобразни луѓе и луѓе кои што лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат ниту два дена откако ќе ја кажат. Затоа скопјани ве молам, доколку сакате човечност, поддржете човек за градот Скопје. Затоа што денеска јас веќе имам два непријатели, и овој кој што не направи ниту водовод, ниту канализација, ниту го исчисти Скопје, додека јас кандидирам за градоначалник којшто ќе го направи градот поубав, а не за премиер или за претседател, туку за некој којшто Скопје сака да го врати на скопјани, и скопјани да имаат поубава иднина. Од друга страна имам нов непријател кој што денеска се пројави да каже дека има антидржавен елемент во мене. Извенете ве молам меѓутоа вие ги продадовте нашите национални интереси. Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име ниту името на моите членови не го продадов“ – заврши Арсовска.
Независна кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска
Ново на Сител
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов